|
|
|

Учество
Оние кои досега го имаат положено испитот EBC*L степен A или EBC*L степен B имаат право да земат учество на EBC*L Лига на Шампиони 2010.
Учеството на националниот како и на интернационалниот натпревар е бесплатно и нема да има било какви дополнителни плаќања за учество.
Фаза 1: Претходни услови
Во првата фаза сите кандидати кои досега го имаат положено EBC*L степен A или степен B испитот и имаат постигнато добар резултат имаат право да учествуваат на EBC*L Лигата на Шампионите. Само најдобрите 30 од секоја категорија (ученици, студенти, до 30 години) се поканети.
Фаза 2: Националниот натпревар EBC*L ЛШ
На овој натпревар се бираат 3 најдобри од секоја од трите категории. За да се одредат најдобрите, кандидатите ќе треба да елаборираат бизнис студија на случај. Националните шампиони ќе бидат наградени со вредни награди. Понатаму, овие кандидати ќе имаат можност да дојдат во Виена и да земат учество во интернационалниот натпревар EBC*L Лига на Шампиони 2010. Исто така, победниците ќе имаат можност да учествуваат и во англискиот камп, бесплатно како подготвка за интернационалниот натпревар.
Камп за Англиски јазик
Деветте победници на EBC*L Лигата на Шампиони 2010 ќе бидат пратени во англиски камп во Македонија, организиран од страна на ЦС Глобал, со цел да ги подобрат своите познавања од Англиски јазик и да се подготват за интернационалниот натпревар. Англискиот камп ќе биде бесплатен
Фаза 3: Интернационален натпревар EBC*L ЛШ
Деветте национални шампиони ќе бидат поканети во Виена (Австрија) за да учествуваат на Интернационалниот натпревар EBC*L Лига на Шампиони. Таму ќе бидат шампионите од најмалку 30 држави на кои им е дадена можноста да се натпреваруваат меѓусебе. Кандидатите на овој натпревар повторно ќе имаат бизнис студија на случај која овој пат ќе биде на Англиски јазик.
|
|
|